По барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје. Барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“.
-Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници. Бараме градоначалничката Данела Арсовска заедно со надлежните сектори до петок до 12 часот да донесе одлука за пренамена на пари за ЈСП „Скопје“ како би се овозможило непречено функционирање на претпријатието и исплата на плата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз, стои во иницијативата за свикување вонредна седница, која ќе се одржи денеска во 14 часот.
извор: ВМРО ДПМНЕ