ВМРО ДПМНЕ: Извештајот на Транспаренси е доказ плус дека е потребна итна смена на ЈО Љупчо Коцевски

Извештајот на Транспаренси е доказ за тоа дека е потребна итна смена на ЈО Љупчо Коцевски.

Тоа што имаме пад во листата на Транспаренси  за борба против корупција е чист доказ дека Коцевски воопшто не се занимавал со воведување правда во Македонија, туку работел за лични и партиски интереси, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Иако Владата му остави време на Коцевски, да си ја врши работата без притисок, тој одлучи да продолжи да молчи и да ги забошотува предметите кои голем број на институции му ги беа дале на обвинителството.

Наместо да се бори против корупцијата и да постапува по пријави за корупција, Коцевски молчи по наредба на СДС.

ЈО Љупчо Коцевски, мора да сноси одговорност за неговите потези и веднаш да си поднесе оставка од својата позиција, која ја користи само да излезе во пресрет на барањата на СДС.

Време е во Македонија да има правда и реформа во судството.