Лагите и криминалот се заштитното лице на СДСМ. Криминалистичката партија СДСМ нека одговори на јавноста каде завршија парите од рекет. Според кажувањата на Јовановски тие пари отидоа директно кај Вице и Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме истото во целост:
Зошто нема одговор и одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија?
До каде е одговорноста и одговорот за кого крадеше Мухамед Зекири? СДСМ треба да одговори на ова прашање.
Одговорност треба да има и за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.
Искреноста не е особина на СДСМ.
Ако е искрен СДСМ тогаш треба да одговара и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата.
СДСМ е неспособен и криминоген. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.