ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, Владата им го честита празникот со кршење на работничките права

Овој 1 Мај Владата им го честита со закон за зголемување на работната недела, со минимална плата која не се почитува, со кршење на работничките права. Македонија последните 5 години ги живее во мизерија, пред се од економска, но и од гледна точка на сигурност и иднина. Ова прашање не може да ги одбегне моментите на иселување на работната сила, немањето ниту една нова странска инвестиција, немање на новоотворени работни места, работници кои немаат земено плата, инфлацијата која расте, цените кои се во незапирлив скок, а државата е во долгови, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден.

Ова прашање оддамна веќе не е прашање за левицата или десницата, туку прашање за човековото право за достоинствен живот.

Оттука, лажливите пораки на грижа во Владата, додека нечии права на достоинствен живот се кршат, мора итно да се смени.

Работниците и граѓаните заслужуваат поголемо достоинство и грижа, а тоа е единствено можно само преку силна, стабилна и економија кој ќе биде ослободена од притисокот на властите. Потребни се промени за посигурна иднина“ – велат од партијата.

извор: ВМРО ДПМНЕ