ВМРО ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Разбираме дека после се што и направија на Македонија, тешко е СДС да ја сфати борбата против криминалот. Но, нема милост за криминогените, дали бил член на СДС, член на ВМРО-ДПМНЕ или обезбедување на премиерот. Законот за сите подеднакво ќе важи. Кога последен пат бил уапсен член на обезбедување на премиер? А ќе потсетиме дека Заев и СДС го имаа “Сашо ќе пукам“, потоа премиерски телохранител со потекло од струмичко, со по неколку пријави за тешко насилство, кои поминуваа нечепнати, ниту одговараа пред законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од пертијата додаваат:

Наместо да ја поздрават акцијата на МВР, да научат како државата мора да ги победува тие кои ја злоупотребуваат, СДС како дете на кое ништо не може да му се погоди само реагираат колку да кажат нешто, а во недостаток на автентична политика и конкретни и реални решенија. На СДС не му сметаше тоа што ДУИ владееше со улиците во Скопје и што заедно со мафијашките кланови, кои сега се зад решетки, хараа и уништуваа животи низ главниот град преку рекети, дрога, убиства, лихва, тогаш СДС молчеше и соработуваше со нив, но сега им смета тоа што се апсат сите кои несовесно се однесуваат со службата. Вакво лицемерите ниту имало ниту ќе има. Токму затоа и поддршката на СДС е нецели седум проценти. Ако не апси мвр лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува за селективност, ако апси МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува друго. Човек крај не може да им најде на овие луѓе. Но, тоа нема да не поколеба да водиме бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите, што е рак рана на македонското општество и што како начин на однесување е сериозен проблем за институциите, надграден и усовршен од СДС и нивното последно 7 годишно владеење.