ВМРО ДПМНЕ: Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2 во Берово под власт на СДС

Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2 во Берово под власт на СДС.

Имотот од 7.500 м2, до езеро е купен лани, на 7ми октомври, на само 10 дена пред локалните избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Имотот е сопственост на мајката на Стефан Богоев, и е со намена за хотелски комплекс.

Сето ова се случува во Берово, каде локална власт е СДС, партија во која Богоев е потпретседател.

Инвестицискиот циклус се случува една година откако Богоев не е веќе градоначалник, односно по 4 годишен мандат во општина Карпош.

Со кои пари семејството Богоев ќе го гради хотелскиот комплекс на Беровско езеро и дали истите се легално стекнати? Дали Богоев ја користи позицијата за да го шири бизнисот?

извор: ВМРО ДПМНЕ