48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата, помош дадоа само градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Владата остана нем посматрач на катастрофалните поплави во Делчево и ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од истите.
Единствен кој излезе во пресрет на делчевчани, се околните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш помогнаа со противпожарни возила и екипи од ТППЕ, и друг вид на опрема, а веднаш потоа единствени кои изгласаа и ветија парична помош се исто така градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ширум државата.
ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи и дека подеднакво и е значаен секој дел од државата, без разлика дали локалната власт е од ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија. Таквиот пристап ќе продолжи и од страна на владата што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ. Народот ќе има партнер во ВМРО-ДПМНЕ.
извор: ВМРО ДПМНЕ