Воен авион се урна во јужна Калифорнија

Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпарол на американската морнарица но не кажа ништо за евентуални жртви.

Во исто време, американската армија ги демантираше информациите во некои медиуми дека авионот превезувал радиоактивен материјал кога се урнал кај Гламис, на 35 километри од границата со Мексико.

– Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина на Гламис, рече портпаролот.

– Воени и цивилни спасувачки тимови се на местото на несреќата. Авионот не превезувал радиоактивен материјал, како што можеше да се прочита на социјалните мрежи, додаде тој.

 

МИА