Возачот на возилото Тесла од серијата Кибертрак што експлодираше синоќа во Лас Вегас, САД, е идентификуван како 37-годишен Метју Ливелсбергер од Колорадо Спрингс, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Ливелсбергер се поврзува со неколку адреси во Колорадо Спрингс, според „Њуз5“.
Се наведува дека Федералното биро за истраги (ФБИ) е сместено во комплекс кој се наоѓа на источната страна на Колорадо Спрингс во населбата Стетсон Хилс.
Потврдено е дека едно лице загина во експлозија на возило Тесла Кибертрак и пред хотелот „Трамп Интернешнал“ во Лас Вегас, Невада, потврди полицијата вчера.
Лицето што загинало било во возилото во моментот на експлозијата.
Во експлозијата се повредени седуммина случајни минувачи.