Возач на автомобил со македонски таблички загинал на автопатот Е75 кај Суботица

На автопатот Е75, во близина на клучката „Суботица – Југ“, во правец кон Нови Сад, утринава околу 05:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил Ауди А4 и камион во која едно лице загинало на лице место, а две други се повредени, објавуваат српските медиуми.
– Според првичните информации загинал возачот на патничкото возило со македонски регистарски таблички, објави Блиц.рс.

Тешката сообраќајка се случила во близина на наплатната рампа. Пинк.рс објави дека едно лице загинало на лице место, а повредените лица се сместени во болница во Суботица, без да се наведе дека патничкото возило е со македонски таблички.

Првите резултати од истрагата покажуваат дека до несреќата дошло кога возачот на Ауди изгубил контрола, најверојатно поради несоодветна брзина, возилото се префрлило на левата страна од коловозот, а потоа и на службениот премин меѓу коловозните ленти, што бил обезбеден со вертикални бариери.

извор:Пинк.рс