Турскиот претседател Таип Ердоган вети дека ќе продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.
Gaziantep Nurdağı’na bağlı Gökçedere köyünde depremde fayın yarattığı kırılma yarıklara neden oldu.
Metrelerce uzunluktaki fay kırığının neden olduğu yarıklar havadan görüntülendi. pic.twitter.com/SwYrK9Qof5
— Vaziyet (@vaziyetcomtr) February 15, 2023
Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.
„Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“, рече Ердоган доцна во вторникот, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател. „Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици“, додаде тој.
Повеќе од 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13.000 се уште се во болници, рече Ердоган.
Турските медиуми јавуваат дека селото во областа Доганшехир во Малатија е буквално преполовено. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метра, додека куќите на север останале недопрени. Медиумите јавуваат дека пукнатината е долга 16 километри.
Kahramanmaraş merkezli depremlerin ardından Gaziantep Nurdağı'na bağlı Gökçedere Köyü ortadan ikiye bölündü! Metrelerce uzunluktaki fay kırığının neden olduğu yarıklar havadan görüntülendi pic.twitter.com/e1ywsLi6DR
— Beyaz Gazete (@BeyazGazete) February 15, 2023
index.hr