Возило удрило во мотор на кај се превезувале малолетници, тешка сообраќајна несреќа синоќа во Куманово

Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на влезот на Куманово, во близина на ресторанот „Центропласт“, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, патничко моторно возио со албански регистарски таблички покосило мотор на кој се превезувале двајца малолетници.
Неофицијално, едно од децата загинало, а другото со повреди со возило на итната медицинска помош е однесено во болница. Дел од сведоците кои се затекнале на местото на несреќата раскажале дека возилото кое удрило во моторот се движело со огромна брзина и претекнувало недозволено.
telma.mk