Волстрит џурнал: Абрамович и украински преговарачи со симптоми кои укажуваат на можно труење

Рускиот олигарх Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаа симптоми што укажуваат на можно труење по состанокот во Киев претходно овој месец, јави Волстрит Џурнал, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.

Абрамович учествуваше во неформалните мировни преговори во украинскиот главен град Киев на почетокот на март кога почна да се чувствува лошо, изјави изворот за „Гардијан“. Украинскиот пратеник Рустем Умеров исто така бил дел од преговорите, а двајцата подоцна од Украина заминале за Полска, а потоа одлетале за Истанбул каде што им била укажана лекарска помош.

„Тоа беше за време на неговото прво патување во Киев. Роман го изгубил видот неколку часа. Во Турција заедно со Рустем се лекуваа во клиника“, вели изворот.

Ова ги поткрепува тврдењата за потенцијално труење првпат објавено во „Волстрит џорнал“ и од истражувачкиот медиум „Белингкет“.

„Белингкет“ рече дека симптомите вклучуваат воспаление на окото и кожата, и остра болка болка во очите.

„Тројцата луѓе кои ги почувствувале симптомите консумирале само чоколадо и вода неколку часа пред да се појават симптомите. Четвртиот член од тимот кој исто така ги конзумирал не доживеал симптоми“, напиша „Белнгкет“, кој рече дека еден од нивните иследници бил замолен да даде мислење за инцидентот од специјалисти за хемиско оружје.

„Врз основа на далечински и испитувања на лице место, експертите заклучија дека симптомите најверојатно се резултат на меѓународно труење со недефинирано хемиско оружје“, рече Белингкет.

Состојбата на Абрамович се подобри и тој подоцна се врати во Киев за да учествува во уште една рунда преговори, рече изворот.

Западните експерти кои го разгледаа инцидентот велат дека е тешко да се утврди дали симптомите се предизвикани од хемиски или биолошки агенс или од некаков напад со електромагнетно зрачење, велат луѓето запознаени со ова прашање, пишува Волстрит џурнал.