Вечерва врнежите од снег кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и ќе се интензивираат насекаде. Насекаде се очекува формирање на снежна покривка (на пониските места таа понекаде ќе достигне и до 20 сантиметри, понекаде дури и повеќе, а на Скијачките центри и на другите планини и до половина метар и ќе биде идеално за скијање. Во втората половина од ноќта врнежите ќе се преместуваат кон исток, но ќе дува силен северен ветер (локално и повремено со брзина од дури 90 км/час, со што се можни дури и штети поради очекуваниот силен северен ветер. Во понеделник наутро многу студено, понекаде температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што ќе има појава на силен мраз, стои во објавата од метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Related Posts
Владата се премисли, се повлекува препорака за работа на Бадник и на Божик
Владата на седница одлучила да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на…
Регистриран првиот случај на зараза со новиот сој „кракен“ во земјава
Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“.…
Утре ден на жалост во Македонија
Утрешниот ден 13. февруари 2023 година е прогласен за ден на жалост поради настраданите во земјотресот во Турција. Ова го…