Обилните врнежи од снег ја блокираа целосно областа Голо Брдо, населена главно со Македонци кое го сочинуваат 22 села, дебелината на снежната покривка изнесува по више од половина метар ја блокираа цела областа Голо Брдо.
Денеска, припадниците на Третиот пешадиски баталјон, дел од пешадиски полк на копнените сили, интервенирале за транспорт на болното дете од селото Острени, областа Голо Брдо до градската болница.
Веста преку соопштение на Фејсбук ја соопшти албанското Министерство за одбрана.
Се дознава дека детето првично било пренесено со воено возило од селото, а потоа е префрлено во Брза помош за да го продолжи патот до болница.
„Персоналот на Третиот пешадиски баталјон на северниот пешадиски полк на копнените сили успешно ја заврши операцијата за транспорт на болното дете од селото Острени, областа Голо Брдо до болницата Булќиза. Детето првично било пренесено со военото возило на Третиот баталјон, каде потоа било префрлено во Брза помош за да продолжи во болница. Оваа операција е пример за посветеноста и хуманоста на вооружените сили кои секогаш стојат покрај граѓаните во секоја вонредна ситуација“, се наведува во соопштението.
vesnik-ilinden.com