Во Австралија започнува Светското првенство за спасување животи – на ова првенство со свои пливачи учествува и охридскиот тренер Камнаровски

Во Австралија започнува Светското првенство за спасување животи 2024 (LWC 2024). Првенството ќе се одржи од денеска 20 август до 8 септември 2024 година на Голд Коуст, Квинсленд, Австралија. Настаните во базенот се одржуваат во водниот центар Голд Коуст, Саутпорт и настаните на океанот/плажата на плажата Курава.

На ова првенство со свои пливачи учествува и Охриѓанецот дипломираниот пливачки тренер и поранешен ватерполист, Томе Камнаровски, кој долги години живее и работи во Холандија.

Томе Камнароски има над 30 -годишно тренерско искуство во пливањето. Неговиот син Димитар Камнаровски пак, на државните натпревари во Холандија има освоено бројни одличја.

Сите кои сакаат да го следат првенството, може истото да го гледаат во живо на Livestreaming the Lifesaving World Championships 2024!

 

 

Home 2024