Во Албанија две лица загинаа во поплави

Албанија денеска ја зафати невреме , проследено со силен дожд, што предизвика поплави и проблеми со снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Обилните врнежи зафатија неколку реони во земјава, додека најкритична е состојбата во Скадарскиот крај каде во поплавите исчезнаа две лица. Поплавени се повеќе населени места, земјоделски површини и патишта.

Локалната полиција соопшти дека меѓу исчезнатите има татко и син чиј автомобил го однела поројната вода. Припадниците на вооружените сили на Албанија и други институции се ангажирани во одбрана од поплави за да му помогнат на ранливото население.

Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, во посета на Скадар во врска со ситуацијата создадена од обилните врнежи. Како што рече, вооружените сили се на терен за да им помогнат на граѓаните што полесно да ја надминат состојбата во која се наоѓаат и да избегнат поголеми штети.

извор: Anadolu Agency (AA).