Во просториите на Третото основно јавно обвинителство во Белград денеска беше сослушан М.Р. (43) поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 29 февруари до 8 март годинава сторила кривично дело семејно насилство.
-Тоа го направила така што растворала различни видови на седативи во сок и и давала да пие на војата ќерка, без знаење и согласност на лекарот, додека била на лекување во Заводот за здравствена заштита на мајки и деца во нејзина придружба, се наведува во соопштението на обвинителството.
Поради тоа, како што додаваат, во крвта на малолетната жртва била пронајдена потенцијално смртоносна доза на седатив, која била утврдена со токсиколошка анализа на крвта.
Третото основно јавно обвинителство во Белград предложи Третиот основен суд во Белград на осомничената да и одреди 30-дневен притвор, а судот донесе решение со кое и одреди мерка притвор.