Во Брисел отворен 22. Меѓународен фестивал на цвеќето

Во главниот град на Белгија, Брисел, свечено е отворен 22. Меѓународен фестивал на цвеќето, јавува Анадолу.

Изложбата, која ќе биде отворена до 2 мај, е поставена во замокот Гранд Бигар во близина на Брисел и привлекува голем број домашни и странски посетители.

Во паркот „Флоралија Брисел“, кој се простира на површина од 14 хектари, се изложени различни видови цвеќиња меѓу кои и лалиња, зумбули и нарциси, нудејќи незаборавно искуство за љубителите на природата.