Во Германија започна самитот на Г7, во фокусот Украина

Од почетокот на руската војна против Украина, денес во Германија започна првиот собир на седумте водечки економии во светот на кој лидерите ќе разговараат за кризата во храна и енергенси предизвикани од војната, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тридневниот настан се одржува во Шлос Елмау на Баварските Алпи, со агенда која се смета за поитна од кога и да е поради војната во Украина.

Откако го презеде претседавањето со Г7 од Велика Британија во јануари, Германија постави цел за програмата: „Прогрес кон правичен свет“.

Во рамки на темата ќе се разговара за прашањата: одржлива планета, економска стабилност и трансформација, здрав живот и одржливи инвестиции.

Бидејќи ОН постојано предупредуваа на „глобална криза со глад без преседан“ поради руско-украинската војна, се очекува лидерите на Г7 да преземат нови обврски за безбедноста на храната и справувањето со растот на цените на енергијата.

Вчера, голем број демонстранти се собраа во Минхен барајќи борба против екстремната глад, обезбедување социјална правда и запирање на употребата на фосилни горива.

Од Attac (Асоцијација за оданочување на финансиските трансакции и за граѓанска акција) до Светскиот фонд за дивиот свет, околу 15 групи критички настроени кон глобализацијата се очекува да учествуваат на демонстрациите за време на самитот.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).