Во Грција е активиран „Амберт алерт“, киднапирано е 14 годишно девојче

Цела Грција е на нозе поради девојчето кое наводно било киднапирано во областа Лариса.

Хрисула Хрисовалантос, која има 14 години, исчезнала во четвртокот околу 20:30 часот и постои сомневање дека била киднапирана и пренесена во областа Александрија Иматија. Алармот го вклучила организацијата Детска насмевка која наведува дека девојчето било киднапирано од возрасен.

Хрисула е висока околу 1,55 m и тежи 55 kg. Има долга кафена коса и темнозелени очи. Девојчето во моментот на исчезнување носело зелени шорцеви, бела маица и бели влечки.

Се замолуваат сите кои имаат информации за Хрисула да ја известат полицијата или здружението Детска насмевка. Граѓаните можат да се јават и на Националната телефонска линија за исчезнати возрасни лица или да поднесат информации преку апликацијата за предупредување за исчезнати лица.