Во Европа ретко каде има снег, во овој необично топол јануари, но во Иран веќе започна сезоната на скијање. Голем број посетители уживаат во скијањето и другите зимски спортови во скијачкиот центар Дарбансар во Техеран, Иран.
Голем број жители на Иран се упатија кон овој ски-центар поради загадениот воздух во главниот град. Загадувањето е голем проблем во многу делови на Иран. Во текот на зимските месеци има негативно влијание на секојдневниот живот, а директно или индиректно има и жртви од загадувањето.
извор: ФБ TRT Balkan Macedonian