Населба стара околу 2.000 години која датира од римскиот период, е откриена во јужен Египет, објави египетското Министерство за туризам и антиквитети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението Министерството истакнува дека со археолошките активности откриен е комплетен резиденцијален град од римската ера во близина на храмот „Луксор“ во источен Луксор.
Се наведува дека областа, за која се вели дека е продолжение на античкиот град Теба, е „најважната и најстара населба“ на источниот брег на гувернерството Луксор.
Теба, позната како градот Луксор, се смета за еден од најважните градови на древниот Египет.
Античка Теба и нејзините гробници се додадени на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1979 година.
Претходно овој месец, Министерството соопшти дека во јужен Египет е пронајдена гробница на фараон која датира од пред 3.500 години. Заеднички египетско-британски тим ја открил гробницата на досега непознат фараон за време на ископувањата во античкиот град Луксор.
извор:Агенција Анадолија (АА).