Во Кавадарци прегазен пешак синоќа

Повозрасен кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа, додека се движел пеш, синоќа околу 21 часот,  во делот кај новиот центар на Кавадарци.
Оваа информација утрово ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од кавадаречката Итна медицинска помош.
-Имаше повреди на повеќе места од главата и телото. По укажаната прва помош од наша страна на лице место, повредениот беше префрлен во Ургентниот центар при кавадаречката болница. По првичните медицински согледувања и интервенции, бил препратен на скопските клиники, информираше Нерков.
МИА