Започна проектот за мобилно издавање на патни исправи за нашите државјани во Кина.
Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во нашата Амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи и во оваа држава.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).
Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин.
Акција за подигнување зелен отпад 29.10.2022 год. Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните…