Во критична состојба се 22 лица, кажа министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека.

Toшковски рече дека осомничени се повеќе од 20 лица.

„Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, согласно сомнежите кои ги имаме досега. Дел се во болница. 4 лица се во болница, 2 члена на бендот, син на сопственикот на дискотеката и управител на фирмата. Дел од приведените кои се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој настан, согласно доказите. Приведени се поранешен државен сектетар на Министерството за економија, раководител на сектор во истото министерство, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и 3 вработени од дирекцијата. Дел од приведените се луѓе кои биле организатори на настанот, дел обезбедување, дел од други активности. Легална лиценцна за работа оваа фирма нема“, рече министерот.

Тројца малолетници се починати, а повеќе од 20 малолетни лица се повредени.

Во критична состојба се 22 лица, кажа министерот.

Во дискотеката имало околу 500 лица.

skopjeinfo.mk