Во лавина на Хималаите затрупани 21 планинар

Група од 21 планинари исчезнаа на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денеска надлежните.

На планинскиот врв кој се наоѓа во планинскиот венец Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекле осум планинари, а по преостанатите 21 уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот институт, но далеку од местото на лавина, рече шефот на полицијата на Утараканда Ашок Кумар, јави АП.

Највисокиот избран функционер на државата Утараканд Пушкар, Синг Дами, рече дека националните сили за реагирање на катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување, пренесе Ројтерс.

 

nezavisen.mk