Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња, велат од Анимамунди

„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија.

 

 

„Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но што и да се рече сега е доцна за ова дете , а секое слободно толкување во однос на оваа несреќа од која нема назад за нас е непримерно и болно.

 

 

 

Единствено што би сакале да се знае дека како здружение за заштита на животни без дилема и веднаш би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има физички предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози животот на друго битие“, велат оттаму.

 

 

nezavisen.mk