Приведени четворица охриѓани кои учествувале во групна тепачка на улицата „Абас Емин“ бо Охрид.
На 26.12.2022 околу 20.30 часот, во СВР Охрид приведени се четири лица сите од Охрид, затоа што на улицата „Абас Емин“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај се степале двајца охриѓани на улицата „Партизанска“ во Охрид.
На 27.12.2022 во 04.20 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведде две лица од Охрид, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.
извор: СВР Охрид