Во рамки на свечената програма по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовиран вториот дел од книгата „За Македонистиката отворено“ од авторите Свето Стаменов и Димитар Пандев.
Во втората книга „За Македонистиката отворено“ на 480 страници се опфатени 28 радио разговори за македонскиот јазик и литература, за кодификациските фази на јазикот, за неговата граматика, за делата на Свети Климент и Наум Охридски, за делата на Мисирков, Прличев, Конески, Шопов, Рацин, за низа лингвистички теории, Напиша на својот ФБ профил претседавачот на советот на Општона Охрид, Перчо Божиновски.