Во поплавите во Еквадор се погодени 15.000 лица

Поројните дождови во Еквадор предизвикаа поплави кои погодија околу 15.000 луѓе, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Северозападната покраина Есмералдас доживеа поплави како резултат на врнежите, се вели во вестите објавени на локалните медиуми.

Генералниот секретаријат за комуникации на Претседателството објави соопштение во кое се вели дека околу 15.000 лица се погодени од поплавите. Од нив, 842 лица се преместени во привремени засолништа, додека тимовите за цивилна одбрана успешно спасиле 1.467 лица.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека обилните дождови предизвикале штета на 2.895 домови.

Операциите за пребарување и спасување се во тек, додека некои области и понатаму се соочуваат со предизвици во однос на пристапот до електрична енергија и чиста вода за пиење.

Сликите објавени на социјалните мрежи ги прикажуваат поплавените населби и улици, давајќи жива слика за ситуацијата.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.