Никогаш досега во југозападниот дел на САД не биле измерени толку високи температури толку рано во годината. Во некои држави има предупредувања од горештини, а пријавени се и шумски пожари.
Во Долината на смртта во пустината Мохаве во Калифорнија, најсувото место во САД, температурите достигнаа дури 50 Целзиусови степени – нов рекорд во Националниот парк во Долината на смртта, каде претходна највисока температура од 49,4 Целзиусови степени беше измерена во 1996 година.
Со температури над 40 степени, првиот топлотен бран во петокот цврсто го зафати југозападниот дел на САД. Никогаш досега не биле измерени толку високи вредности. Посебно се погодени сојузните држави Невада, Калифорнија, Аризона, Ново Мексико и Тексас.
Според податоците на метеоролошките експерти, причина за топлотниот бран е подрачјето со висок притисок над Мексико.