Територијата на нашата Република Македонија и понатаму се наоѓа под влијание на невообичаено топла воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ. Оваа топла воздушна маса својот максимум ќе го достигне во сабота (15 март) кога температурите ќе бидат највисоки. Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).
Што се однесува до температурите, тие во сабота на 15 март насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, додека во Повардарието тие се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.
Во Скопје во сабота на 15 март кога ќе биде најтопло температурата ќе се искачи до близу 30 степени.
Од вторник пак (18 март) зимата на Балканот и во нашата Македонија се враќа на голема врата, проследено со силен северен ветер, силен пад на температурите ( и за повеќе од 20 степени) и со повремени врнежи од снег на повеќе места, снег со овој многу ладен продор од север ќе има и во градовите, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.