Во САД расте бројот на случаи со норовирус

Случаите на норовирус се во пораст во различни делови на Соединетите Американски Држави (САД), објави Еј-би-си њуз, наведувајќи податоци од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Анадолу.

Над 90 случаи на норовирус се регистрирани во текот на неделата на 5 декември, последната недела за која има достапни податоци. Податоците од претходните години за истата недела во декември покажуваат максимум 65 случаи, според ЦДЦ.

Бројот на случаи на норовирус пријавени од државните здравствени власти за една недела од појавата на вирусот значително се зголемил во декември, од 69 случаи на крајот на ноември на 91 на почетокот на декември, покажуваат податоците на ЦДЦ.

На почетокот на овој месец, најмалку 80 луѓе се разболеле од норовирус, кој е поврзан со термички нетретирани остриги, објави медиумот вчера.

Норовирусот предизвикува повраќање и дијареа, е високо заразен и е најчеста причина за вирусен гастроентеритис, што е воспаление на внатрешната обвивка на гастроинтестиналниот тракт, водечка причина за болести кои се пренесуваат преку храна во САД.

 

извор: АНАДОЛИЈА