Во сандак со алат од Грција во Македонија донесени мигранти од Гана

На 28.03.2022 во 11:45 часот во Полициското одделение Петровец, вработен во АРСМ-Касарна „Страшо Пинџур“-Петровец, пријавил дека околу 12:00 часот во товарно возило „даф“, кое влегло во државата и касарната од Република Грција, во сандак со алат биле пронајдени 4 лица мигранти од Гана.

Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Увид извршиле екипи на Полициското одделение Петровец и Регионалниот центар за гранични работи Север и се преземаат мерки за расчистување на счлучајот.