Во Саудиска Арабија започна Релито Дакар 2025

Денеска во Саудиска Арабија започна Релито Дакар 2025 година, а јужноафриканскиот возач Хенк Латеган триумфираше во прологот во категоријата автомобили, додека австралискиот мотоциклист Даниел Сандерс беше најбрз во категоријата мотори, јавува Анадолу.

47-то издание на релито започна со етапата пролог во градот Биша.

Возачот на Тојота Газу Рејсинг, Латеган, го освои првото место со време од 15 минути и 28 секунди.

Швеѓанецот Матијас Екстром од тимот Форд М-Спорт беше втор, со заостанување од само една секунда, додека катарскиот натпреварувач Насер ал-Атијах од Дачија Сендрајдер заврши трет, 20 секунди зад победникот.

Бранителот на титулата, Шпанецот Карлос Саинц од Форд М-Спорт, ја заврши етапата на 25-то место.

– Сандерс победи во категоријата мотори –

Во категоријата мотори, возачот на Ред Бул КТМ, Австралиецот Даниел Сандерс, забележа време од 16 минути и 51 секунда, освојувајќи го првото место.

Возачот од Боцвана, Рос Бранч од тимот Херо, заврши втор со заостанување од 11,5 секунди, додека Шпанецот Едгар Канет од Ред Бул КТМ беше трет.

Бранителот на титулата во оваа категорија, Американецот Рики Брабек од Монстер Енерџи Хонда, ја заврши етапата на четвртото место.

Првата етапа на релито ќе се одржи на патека долга 413 километри во Биша.

Релито Дакар ќе заврши на 17 јануари со 12-тата етапа во Шубајта.

 

извор: Анадолија