Во Саудиска Арабија се одржува состанок за Сирија

Саудиска Арабија денес е домаќин на проширен арапски министерски состанок за Сирија по минатомесечниот пад на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.

На состанокот присуствуваат министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Сирија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Оман, Бахреин, Египет, Ирак, Јордан и Либан, како и шефот на Арапската лига, Ахмед Абул-Геит, и генералниот секретар на Советот за заливска соработка, Јасем Мухамед ал-Будаиви.

На средбата присуствува и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

По министерскиот состанок ќе следи меѓународна средба на која ќе присуствуваат арапските министри за надворешни работи и шефовите на дипломатии на Туркије, Велика Британија и Германија. САД и Италија ќе учествуваат на ниво на заменици министри за надворешни работи, според саудискиот телевизиски канал Ал Ехбарија.

За да присуствува на состанокот во Ријад пристигна и пратеникот на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

Телевизискиот канал јави дека денешниот состанокот ги одразува напорите на Саудиска Арабија да ја забрза интеграцијата на Сирија во меѓународната заедница.

Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на деценискиот режим на партијата Баас.

Преземањето дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам ги освоија клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели.

Новата администрација сега е предводена од Ахмед ал-Шара.

извор: АНАДОЛИЈА