Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчеравечер на патот Гостивар-Кичево. Како што пренесуваат дел од медиумите, еден од загинатите бил сопственик на синџир аптеки додека пак другиот бил часовничар, објави slobodenpecat.mk.
Возачот на возилото марка „БМВ“, Б.Х. починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Т.Р. не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница.
„Синоќа во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистерски ознаки на Демир Капија управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и камион трактор „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(60) од Косово“, информираа од МВР.