Албанскиот терорист Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал-Албани, кој потекнува од Македонија водачот на албанската терористичка група која се бори против сириската армија, е убиен во северна Сирија.
Според сирискиот новинар Мохамед Даба, албанскиот терорист бил убиен од снајпер на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб.
„Снајперистот на сириската арапска армија го фати терористот Абдул Рахман Бела со прекар Калед Ал-Албани, кој е воен командант во таканаречената терористичка организација „Албанска група“ која е присутна на фронтот против сириската армија на фронтовите на северна Латакија. Терористот Абдул Рахман Бела потекнува од Македонија, а во Сирија дојде во 2013 година. Тој може да се види на неодамнешната фотографија десно до саудискиот терорист Муслех Ал-Олаани во селото Идлиб“ – рече Даба на платформата Х.
ريف #اللاذقية
قناص الجيش العربي السوري يصطاد الإرهابي ( عبد الرحمن بيلا ) الملقب باسم خالد الألباني وهو قائد عسكري في تنظيم ما يسمى " جماعة الألبان " الإرهابي المتواجدة على خطوط المواجهة ضد الجيش السوري على جبهات ريف اللاذقية الشماليينحدر الإرهابي عبد الرحمن بيلا من مقدونيا… pic.twitter.com/294eOcQQPb
— محمد ضبع Mohamad Dabaa 🇸🇾 (@MohamadDaba9966) February 5, 2024