Во сообраќајна несреќа во САД ослободени милиони пчели

На северозападниот дел од САД, сообраќајна несреќа со камион ослободи милиони пчели. Локалната полиција ги предупреди жителите за пчелите и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа со роевите. Несреќата се случила во државата Вашингтон, на крајниот северозапад од земјата. Полуприколка со товар кошници за пчели излета од патот од непозната причина. Според информациите, возачот на камионот се извлекол неповреден.

Извор: НОС Холандија