Во Софија денеска треба да се одржи состанок на меѓувладината работна група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото.
За време на средбата ќе биде потпишан меморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија“ и двегодишна програма за спроведување на Договорот меѓу македонското и бугарското Министерството за животна средина потпишан во 2019 година.
На состанокот ќе присуствуваат вицепремиерите за европски прашања, Бојан Маричиќ, и за политики за добро владеење, Славица Грковска, како и министрите за животна средина и за информатичко општество и генералниот директор на Пошти, најави Секретаријатот за европски прашања.
извор/фото: Радио Слободна Европа