Во среда и четврток (29 и 30 јануари) од запад влажен бран ќе ја зафати Македонија!

По подолгиот период на стабилно и суво време со густа магла по котлините и со натпросечно високи температури на воздухот, особено на повисоките места, планините и на Скијачките центри, оваа среда и во четврток (29 и 30 јануари) од запад и југозапад територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран кој на повеќе места ќе услови повремени врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Пообилни врнежи ќе има во западните предели, каде локално ќе наврнат над 25 литри дожд на метар квадратен. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, со што постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

И во Скопје и околината во среда и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Сепак, по котлините и понатаму ќе има услови за магла и за ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени, додека масималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 3 и 6 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 12 и 13 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

 

meteoalarm.mk