Во строгиот центар на Струга покрај реката Црн Дрим се гради бетонско спомен обележје на Косово

Спомен обележје на Република Косово во висина од три и пол метри ќе никне покрај реката Црн Дрим во Струга. Ова е одобрено со одлука на мнозинството во струшкиот Совет, а подарокот ќе биде во знак на благодарност за гостопримноста на косовските бегалци во 1999. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека ваквата одлука е донесена надвор од правна рамка, без минимум техничка документација, објави Сител.

Од струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со ова, намерно и свесно некој игра на картата на меѓуетнички тензии.

Текстот во целост на: Сител.