Во Тајпеј отворена изложбата на најголемиот скелет на титаносаурус, колосалниот Патаготитан

Во Националниот тајвански научно-образовен центар во Тајпеј, Тајван, изложен е колосален скелет на Патаготитан, кој посетителите можеа да го видат на извонредната изложба, јавува Анадолу.

Скелетот на Патаготитан е долг 37 метри, а тежок 2.670 килограми.

Во организација на Природонаучниот музеј на Велика Британија, изложбата ќе трае до 6 април.

Скелетот на Патаготитан, кој е широк колку распонот на крилата на еден Боинг 737 Макс, дава единствена можност за посетителите да го видат едно од најголемите животни кои некогаш оделе по Земјата.

Патаготитан мајорум, член на семејството титаносаурус, првпат беше откриен во аргентинскиот регион Патагонија во 2010 година, а својот официјален назив го доби во 2017 година.

извор:АНАДОЛИЈА