Во текот на претстојната ноќ над територијата на Македонија и тоа од запад, ќе помине еден поголем влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд. Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час) и истиот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.
Локално пак ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер (локално во форма на невреме, а можна е и ретка појава на град).
Сепак температурите остануваат високи.
Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија веќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата е многу заматена. Дождот кој го очекуваме во текот на претстојната ноќ ќе биде валкан и помешан со истата, стои во новиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.