Во Тирана изложба и промоција на „Монографија на македонски народни носии“

Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура” во Македонскиот Културно-информативниот центар се отвори изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет.

Присутни беа Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана, Емилија Попивода директорка на македонскиот Културно-информативниот центар, амбасадорите на Слвенија, Катар, Египет, преставници на Министерство за економија, култура и иновации на Албанија, преставници на винарите од Македонија, и претставници на македонските друштва и љубители и почитувачи на македонската култура.

Секоја носија е расказ сама по себе – за љубовта, трудот и вештината на нашите предци. Ткаени и везени со раце, срце и душа, симболи кои пренесуваат пораки за припадност, убавина и духовност. Боите, орнаментите, материјалите – кои не биле избирани случајно, во себе носат значење од генерација на генерација. Изложените носии беа сведоштва за богатството на македонската народна уметност и разновидност на регионите, со своја приказна, своја боја и глас.

Додека во Монографијата може да се воочи длабокото истражување на традиционалната облека, со прецизна документација и анализа на носиите со усни сведоштва на современи сведоци, при што авторот успеал детално да ги прикаже комплетните носии и специфични предмети користени од крајот на 19-тиот до почетокот на 20-тиот век.

Оваа изложба нека биде потсетник дека минатото не треба да го заборавиме, туку да го негуваме и споделуваме со новите генерации. Нека нe потсети дека корените се силни и од нив расте нашата иднина.

Манифестацијата „Недела на македонската култура“ е во организација на Македонската амбасадата во Тирана и Македонскиот Културно-информативниот центар и се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија, Министерство за економија, култура и иновации на Албанија и Општина Тирана.

vesnik-ilinden.mk