Во Тирана, од 23 до 30 април прв пат ќе биде одржана „Недела на македонската култура“ заедно го прославиме нашето богато наследство преку музика, уметност и традиција.
Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, како што е и познатата „Пирамида“, ќе има настапи од сферата на културата, промоција на познатото македонско вино и храна, туристички понуди за нашите убавини, кои секој треба да ги види и ќе посака повторно да ги посети. Во овие денови центарот на Тирана, плоштадот „Народни херои“ ќе биде обоен во црвено жолта боја, со македонски знамиња.
Културната недела е во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Амбасадата на Република Македонија во Тирана, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Министерство за економија, култура и иновации на Република Албанија и општина Тирана.
Финансиската конструкција на оваа манифестација е 20 илјади евра, при што 80 отсто од срествата ги обезбедува општина Тирана.
vesnik-ilinden.com