Во Тирана промоција на македонско вино и вински туризам

По повод “Недела на македонската култура” денес, со голема возбуда и радост го одржавме настанот посветен на промоцијата на македонското вино и винскиот туризам во Тирана.

Во преубава атмосфера, присутните имаа можност да уживаат во богатството на врвни македонски вина, да се запознаат со традиционалните вредности, но и со современите достигнувања во винската индустрија.

Настанот помина во одлично расположение, исполнет со дегустации, интересни презентации, едукативни предавања и средби со претставниците на винариите.

Се покажа големата љубов, труд и традиција што ја носиме како винска дестинација и ја потврди важноста да се поддржува и промовира македонскиот вински туризам на домашен и меѓународен план.

Дополнителна убавина на настанот му даде играорната група составена од млади луѓе облечени во македонски народни носии од Преспа, кои со својот настап внесеа дух на традиција и гордост, збогатувајќи ја целата атмосфера.

Воедно, беше поставен и штанд со промотивни на македонските друштва, Македонски венсик “Илинден” и материјали за изучување на македоналиот јазик на Лекторатот при Универзитетот во Тирана.

Манифестацијата „Недела на македонската култура“ е во организација на Македонската амбасадата во Тирана и Македонскиот Културно-информативниот центар и се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија, Министерство за економија, култура и иновации на Албанија и Општина Тирана.

 

 

 

vesnik-ilinden.com