Во Туркије успешно е извршено пробно истрелување на националната ракета воздух-воздух „Ѓокдоган“ со радарски систем за откривање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Исмаил Демир, шефот на Канцеларијата за наменска индустрија при Кабинетот на претседателот на Туркије, на својот твитер-профил ги сподели најновите вести за проектот на турската ракета „Ѓокдоган“.
„Ѓокдоган може да погоди и невидлива цел! Во рамките на нашиот проект „Ѓоктуг“, ракетата Ѓокдоган, една од нашите национални ракети воздух-воздух, успешно е тестирана, што е многу важен потфат“, рече Демир и додаде:
„Оваа година ќе ги испорачаме ракетите „Ѓокдоган“ и „Боздоган“ на Турските вооружени сили. Ова е бајрамски подарок за турскиот народ. Им честитаме на сите што дадоа свој придонес за овој потфат.“
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).