Во Хрватска повлечена од продажба јетрена паштета на Перутнина Птуј

Државниот инспекторат во Хрватска најави повлекување од продажба на производот јетрена паштета.

Причината за повлекувањето е поради неозначената соја во производот, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ).

Паштетата од пилешки џигер од 100 грама, која се повлекува од пазарот има ЛОТ: 12024908811. Производител на паштетата е Perutnina Ptuj d.d. од Птуј, Словенија.

Со оглед на тоа што алергенот од соја не е означен на производот, истиот може да претставува ризик по здравјето на потрошувачите кои се чувствителни на него, додека луѓето кои не се алергични сè уште можат да го користат без ограничувања, според HAPIH.

 

infomax.mk